Алијанса за Позитивна Македонија избра ново раководство, нема ни трага од несудениот премиер Љупчо Зиков

0
1102

mkd-193088

Соопштение за јавноста

Алијансата за позитивна Македонија на ден 27.09.2015 година, ја одржа седницата на Главниот Одбор, на кој се избраа органите и телата на партијата.

Главниот одбор оцени дека партијата во наредниот период треба да игра активна улога на политичката сцена на Македонија, околу зајакнување на политичкиот центар, промовирање на граѓанскиот концепт, либералните идеологии, како и понатамошното демократизирање на сите пори на македонското општество. Почитувањето на правната држава, одвојувањето на партиите и државата од изборниот процес, промена на изборниот систем и изборниот модел во Македонија, воспоставувањето на општествената правда и еднаквите можности за сите граѓани, итно зачленување на Република Македонија во ЕУ и НАТО, развојот на мултикутурното општество и интеркултурализмот, заштитата на човековите права и подгинувањето на животниот стандард во Македонија, се приоритетите за кои што ќе залага Алијанста за позитивна Македонија во наредниот период.

Со изборот на органите и телата на партијата, се комплетира раководната структира на АПМ:

  1. Проф. д-р Рубин Земон, в.д. претседател на АПМ, универзитетски професор

  2. Сашо Богданоски, потпретседател на АПМ, државен службеник

  3. Оливера Николова, потпретседател на АПМ, консултант

  4. Сашо Милкоски, потпретседател на АПМ, приватен стопанстевник