Акција Плус – Ресен : Цветин Чилиманов и Здружението СОС веднаш да се извинат или ќе добијаат тужба за клевета и навреда

0
1458

Здружението за локален развој Акција Плус Ресен најостро ги осудува лагите и клеветите искажани од страна на Цветин Чилиманов и Здружението Стоп Операција Сорос (СОС) на нивниот прес одржан на ден 04.02.2017 година и ги отфрла како неточни и лажни.

Здружението за локален развој Акција Плус Ресен демантира дека служело како партиски штаб на СДСМ Ресен и дека работата на Здружението претставува „грубо кршење на принципите на работа на невладиниот сектор и негово тотално партизирање под капата на СДСМ“.” Во досегашната работа на организацијата, средствата од буџетот на Акција Плус Ресен, никогаш не биле искористени за финансирање на политички кампањи. Напротив, целта на Акција Плус Ресен од почетокот на формирањето е слободно да ги здружува граѓаните без оглед на нивната верска, етничка или партиска припадност со цел остварување на нивните права и интереси и унапредување и развој на граѓанското општество.

Членовите на Здружението имаат целосна слобода да ги искажуваат своите политички ставови надвор од Здружението.

Веднаш бараме јавно извинување од Цветин Чилиманов и Здружението СОС за искажаните лаги, а во спротивно најавуваме тужба за навреда и клевета.