Активистот за ЛГБТ права, Асани: Не сум навреден од изјавата на Заев, тој е голем борец за нашите права, го употреби тој збор за да означи подлец и никаквец

0
1068

Активистот за права на ЛГБТИ заедницата, Беким Асани, излезе со поддршка за премиерот, Зоран Заев, кој наиде на остри реакции и осуда кај јавноста по вчерашната изјава каде вели дека нема да дозволи „криминалци, суетен новинар и еден педер“ да ја срушат власта. Асани се повикува на толкувањето на зборот „педер“, кој во речникот на македонскиот јазик се преведува како никаквец и подлец.

-Воопшто не се чувствувам навреден, како може оваа власта, која за две години направи толку многу за ЛГБТИ, сега така остро да се напаѓа. Во македонскиот речник јасно се знае што значи „педер“ и нема потреба да се чувствувам навреден. Мене по десет пати на ден ме викаат „педер“ на улица – вели Асани.

Тој потсетува на поддршката на актуелната Влада кон ЛГБТИ заедницата и законските регулативи кои ги унапредуваат нивните права. Асани посочува дека неодамна на предлог на Владата беше донесен Закон за заштита од дискриминација каде се внесени сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за дискриминација. Неодамна, потсетува тој, беше одржата и правата парада на гордоста во земјава.

-Заев и неговите министри континуирано не поддржуваат и присуствуваат на наши настани. Не е коректно да се напаѓа така фронтално, а да се заборави што се направи. Оваа земја е лидер во почитување на ЛГБТИ правата – вели Асани кој смета дека нема да се намали поддршката на ЛГБТИ заедницата кон Заев.

Извор: Фокус