Активисти од власта на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спремаат кривични пријави против опозиционери за навредливи фејсбук статуси кон државата

0
2613

Активисти на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и Груевски последниот период до изборите кој треба да се одржат на 11-ти Декември оваа година ќе бидат исклучително активни низ социјалните мрежи со цел да уловат критички статуси или навредливи кон државата.

Тие ќе се повикаат на членот 319 од кривичниот законик кој вели дека предизвикувањето на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост а воедно и тој што со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките или верските симболи, со оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг начин ќе предизвика или ќе разгори национална, расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост, ќе се казни со затвор од една до пет години.

Ова е еден од неколкуте механизми кои власта на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги користи до самиот датум на изборите оваа година и ќе има примарна цел да замолчат опозиционери по социјалните медиуми и мрежи. Ваков тип на кривична пријава имаат одреден број на опозиционери па од тука добро е да се знае што власта спрема и како таа ќе се обиде да го задуши критичкиот глас.