Актерот Сашо Ристовски се повлекува од тетарската сцена

0
3104

Од наши извори блиски до актерот Сашо Ристовски дознаваме дека донел конечна одлука еден извесен период да се повлече од сцената во театарските претстави.

За да ја провериме информацијата го контактиравме Ристовски каде го запрашавме за причината или причините околу неговото повлекување од театарските претстави, а тој кусо ни одговори : ,, Одлуката ја донесов бидејќи повторно ми се појави проблем со гласот иако го оперирав грлото пред една година. Бидејќи веднаш после таа операција продолжив со турбо работа, а не одмарав повторно си направив проблем а сега ги слушам советите на докторите и сум на терапијата така што морам и да паузирам извесен период за да закрепнам целосно”. – вели Ристовски.

Нашата редакција се надева дека актерот ќе закрепне побрзо и ќе се врати на претставите во театарот каде брои многу успеси, од редакцијата му посакуваме поголемо здравје и уште поголем успех во кариерата.