Ако се лечите во државно има све да си купите, само името е останато друго све е на приватно

0
1302

Први глувците бегаат кога бродот тоне

Приказната за принцот и грдата жаба беше дека од како принцот ја бакнал таа се престорила во преубава принцеза. Е во нашето здравство принцот Тодороф од како ја бакна грдата и стара жаба здравството, успеа да ја претвори во уште погрда и дури и отровна, па сега и самиот тој бега од неа. Вели нема идеално здравство, сега прогледа или како и досега што покажа практиката каде отиде помор направи и му здодеа и оваа играчката па сега нова ќе бара.

Вистината е како шило кажа неговиот имењак и духовен криминален гуру, е па да министре сега наскоро и за тебе многу вистини ќе бидат изнесени и обелоденети. Тоа нема да се навреди, лаги, демонизирање на твојата личност, туку една убава сторија за досегашното твое работење, начинот и твоите можностити и капацитети.

Твоите конекции, твоето слепо следење на наредбите од твоите налогодавци, а бога ми и сите досегашни ретроспективно земени утки и злоупотреби на товар на граѓаните.

Форсирање на стари генерики, купување на бофал опреми, вештачко креирање на кризи за одредени лекарства, а и мизериите низ кои поминуваат како пациентите, така и лекарите, во кругот на твојата градинка, како што ги направи здравствените институции да личат.

Навистина секој лекар интелектуалец треба да се запраша како е тоа возможно и дали е нормално кога видовме што ни се случува, каква катаклизма на здравствениот систем, какви лаги шарени кажувани по сто пати и една лага сто пати кажана мислевме дека ќе испадне вистина, не го кренавме својот глас. Зошто? Дали и ние сме виновни и дозволивме некои анафалбети да не тегнат ко волови за роговите?

Очигледно имавме таков садомазо пристап па издржувавме максимално да не толчат и дури да не доведат до степен на послушници и слуги.

Жалосно колкава неукост покажавме пред овие лаици и дозволивме да квалитетот ни избега од сопствената држава наместо да го задржиме и наградиме. Останаа полтроните и оние кои веќе немаат желба да се спротистават од пустиот страв што го сеат силеџииве. Имам предлог да направиме анкета колку е задоволен нашиот пациент од моменталното работење и на лекарите,персоналот а и од министерот како јак менаџер.

Само да ви кажам дека таа анкета додатно ќе не исфрустрира ама и ќе ја покаже вистинската слика на досегашното ужасно менаџерско работење на Тодороф. Зошто?

Па сега не дај боже да одите на некоја клиника и да ви треба лек,колк,штраф па и помош тешко дека ке ја добиете бидејќи ќе ви одговорат чесно немаме материјал или купете си или и докторот си замина. А народот плаќа ли плаќа само што плаќа? Поврзаноста на менаџментот т.е Министерот  со така наречената медицинска мафија како што тој самиот ја нарекуваше брзо ќе се обелодени.

Да не заборавиме документите постојат и се архивирани нели имаме перфектен архивски систем?Центарот за јавни набавки,електронскиот систем за јавни набавки ,електронските аукции се е запишано и запаметено.

А ваше ќе биде да сето тоа го образложите и да кажете зошто не се испочитувани одлуките на второстепените комисии и правилната процедура или имавте задача да одработите?

Е така доаѓаме до моментот каде вие нешто сте виделе па сте кренале нога и вас да ве потковаат се надевам добро сте потковани бидејќи ќе ви треба тоа за понатака и тоа како. Брзината некогаш може и да го спаси добро поткованиот коњ во самиот финиш нели?

Ангелчо Андоновски