Ако владее правото лесно ќе се разбијат шпекулациите околу намерата на власта и криминалнот кој се става врз Макпетрол и ОИЛКО

0
1496

Пред неколку години новинарот Зоран Божиновски на својот портал „Буревесник“ и ФБ профил, а потоа и неделникот „Капитал“ пишуваа за сомнителни трансакции и одлуки на АД „Макпетрол“ со КДА „Оилко“, а јавноста почна да шпекулира, „директорот се спасил дека плаќа рекет…“, „имал влијание во држ.институции…“,„високи функционери на власт го штитат и тие се дел од криминалот…“, итн…

arsovtale

Сега кога МВР поднесе Кривична пријава против одговорните во правните лица, за она за кое пред неколку години се пишуваше, повторно во јавноста сомнеж за искрените намери на власта за справување со криминал и се отворија нови шпекулации, овој пат во обратна насока… „власта се реваншира…“, „атак врз ТВ Телма…“, „реваншизам за изгубен спор на државата…“ итн…

Ако владее правото како темелна вредност во системот, преку професионални институциите, низ законита судска постапка многу лесно ќе се разбијат сите тие шпекулации околу намерата на власта и криминалнот кој им се става на 20-тина одговорни во Макпетрол и ОИЛКО. ама АКО…

Фактот дека актите на одговорните се носеле 2007 год. а МВР дури по 8 години, (повторувам по 8 години!) покренува Кривична пријава, е дополнителна причина да се зголеми сомнежот во јавноста за постоење на горе споменатата темелна вредност и вистинските стремежи на власта да се справи со криминал. Тркалото на правдата е споро, но кога тогаш секого ќе сомеле (Сун Цу), но понекогаш задоцнетата правда се претвора во неправда а граѓанството ја губи вербата во институциите, особено кога се работи за атак врз личност кој управува друштво со влијателен национален медиум…

Од фејсбук зидот на адвокатот Тале Арсов