Аднан Џафероски ќе го замени неспособниот Шабан Салиу на директорското место на Дирекцијата за заштита и спасување

0
3902

Со одлука на Владата на Република Македонија, за нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување е именуван Аднан Џафероски.

Џафероски е роден 1969 година во с.Лажани, Општина Долнени. Дипломирал на Факултетот за политички науки и меѓународни односи, а специјализирал бизнис и менаџмент. Член е на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

На челната позиција во Дирекцијата за заштита и спасување Џафероски доаѓа во време кога на територијата на Република Македонија беснеат повеќе пожари. Последниот избувна во попладневните часови од вчерашниот ден во близина на манастирот „Трескавец“ кај Прилеп, а им се заканува и на неколку населени места од Општина Долнени.

На функцијата директор на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски доаѓа на местото на досегашниот директор Шабан Салиу.