Аднан Џафероски колумна за Револуционермк: „Рент а кар“ интелектуалци

0
1524

Ништо не ги поврзува луѓето толку цврсто, како соучесништвото во злосторствата. Оти кога крадат сите, сите се виновни и секој секого држи во рака. Во таква ситуација виновниците и арамиите постигнуваат солидарност и дисциплина на завереничкиот молк. Затскриени зад превезот на партијата, криминалците постигнуваат партиска монолитност и ја искажуваат безрезервната поддршка кон вождот. Само да се потсетиме дека и Хитлер на своите политички послушници им сугерирал: “Богатете се, правете се што сакате, но не дозволувајте да бидете фатени”.

Ви звучи познато, нели?

Фашизмот се враќа на голема врата, но не во црни кошули и кукасти крстови, предупредуваше неодамна починатиот италијански писател и филозоф Умберто Еко, потсетувајќи не’ дека наша должност е секој ден и секаде да го откриваме и да го покажуваме со прст. Само препознавањето и разобличувањето на фашизмот може да не’ извади од погубната етно-фашизоидна затупеност, која со својата наводна “грижа“ за виталните национални интересни, не’ доведе до невидена беда и очај. Зад таквата “грижа” се крие велепредавство и пљачка од невидени размери, која нашата земја ја смести на врвот на листата на држави со корумпирана власт и најмизерни услови за живот.

И додека граѓаните свесни за нивната бесперспективност во вистинска смисла на зборот се борат за да преживеат, самоназначените етно-чувари и нивните фамилии, кумови и пријатели уживаат во раскош. За тоа време на јавната сцена се случува цинизам без граници, како неизбежна ставка на фашизоидната реалност.

 

Целата колумна можете да ја прочитате на следниот ЛИНК