Адвокат Чадиева до претседателот на Адвокатската Комора – Никола Додовски дејствува како претседател на политичка партија

0
2188

Aдвокатката Даница Чадиева со отворено писмо до претседателот на АКРМ –Никола Додевски. Ви го пренесуваме во целост…

Почитуван г-дин Додевски,

Ви се обраќам со ова отворено писмо да Ве потсетам дека освен тоа што Ве гледаме на тв екраните како ги браните ,ми се чини со гордост,криминалците кои ја уништија оваа држава,откако се самопрогласивте за претседател на Адвокатската комора освен на некои трибини,свечености и разни популистички решенија за кои само Вие сте убеден и ниту еден друг наш колега дека ке придонесат за добро на адвокатурата,практично и Ве немаме видено.

Адвокатурата во РМ изминативе 10 години се соочува со сериозни проблеми и изумирање …Даночни маркички,фискални каси (за кои бевме измамени),па повторно фискални каси,надлежности кои преминаа кај нотарите,затоа што Вие не се изборивте да биде поинаку,оставински постапки водат правници без положен првосуден испит,платни налози кај нотари и уште безброј проблеми,па медијации,па …..Господ на помош.

И сега Вие од позиција на претседател на АКРМ ,на свечениот говор по повод 71-годишнината од постоењето на адвокатурата,ке не замајувате со некои си Ваши успеси во прилог на адвокатите,небаре сме ние деца од предшколска возраст.Ви го следев говорот,и не можев да Ви се начудам-кои тоа измени во законот за нотаријат ќе ни го зголемат приходот нам,на адвокатите?Па уште не Ви беше срам и со гордост се пофаливте дека адвокатите биле регистрациони агенти!

Зар не мислите дека нашата примарна функција е давање правна помош  пред судовите во РМ?или судниците се резервирани само за Вас?Ние ке вршиме промени на субјекти и ќе бидеме регистрациони агенти?!

Да не беше толку трагично ,ке Ви се смеевме.

Нема да го оптеретувам ова писмо со сите проблеми на адвокатурата и решенијата кои ние адвокатите ги нудиме(зголемување на адвокатската тарифа,измени во ЗПП и сл),бидејќи Вие секако ке бидете глуви како и досега за нашите барања.Повеќе се однесувате како да сте претседател на политичка партија или како претседател на нотарска и комора на извршители отколку тука кај што навистина сте.

Но нејсе.

Со ова писмо Ви се обраќам и сакам да Ви укажам дека во РМ постојат регистрирани 3000 адвокати,бројот на стручни,приправници,и нивните семејства.Во неможност да најдам податоци на веб страната на АКРМ ,ќе заокружам дека некаде околу 12.000 граѓани живеат и опстојуваат од оваа професија.

Судската администрација штрајкува веќе цел месец и најавува дека штрајкот ќе продолжи се до судската ферија.Што значи ние на работа од септември ,ако издржиме..Ви се обратија од синдикатот на УПОЗ,но Вие секако игнорантски се испонашавте и кон нив.

Само да Ве потсетам на статутот на АКРМ –ст.3 т.1 алинеја 2 и 3“Комората ги застапува интересите на адвокатурата”;”Комората обезбедува услови за непречено вршење на адвокатската дејност,во рамките на независноста,самостојноста и јавноста на адвокатската професија.

Интересот на адвокатурата е прекин на штрајкот час поскоро.

Согласно сето ова,а согласно и барањето од синдикатот на Упоз наменето до Вас,како прв човек на АКРМ,и на крај согласно Вашиот говор кој стои на почетната страна на  веб страната на АКРМ,каде неколку пати ја нагласувате уважената г-ѓа Бришкоска-Бошковски ,која според Вас е голем пријател на адвокатурата,и за која велите дека имате одлична соработка,Ви предлагам да излезете со став околу актуелниот проблем со кој моментално се соочуваме.

Адвокатите во РМ тоа најмалку го заслужуваат,сакаме да знаеме кој е ставот на АКРМ околу штрајкот на судската администрација.Ако го поддржуваме истиот,самите велите дека имаме одлична соработка со Министерство за правда,па Вие како претседател секако треба да се вложите во решавањето на овој проблем.Или  овде ќе се прогласите за ненадлежен??Или Вие овде не сте засегната страна????

Или Вие се појавувате само за свечености и за овие човечињава што ги осомничи СЈО?

Г-дине Додевски,како тргнало во адвокатурата,благодарение на оваа власт,а секако влијание има и Вашата функција овде,се плашам дека нареден пат кога ќе излезете со почесен говор ,тоа ќе биде комеморација на адвокатурата во Македонија.

Адвокат Даница Чадиева