Адвокатот Стеваноски не спие, сега со кривични за 5 дилетанти заедно со градоначалникот на Берово поради незаконско градење

0
2775

Нова главоболка на беровскиот градоначалник и неговите служби во Општината. Атрактивната парцела  каде што се гради црква во населбата Беровско Езеро е причина за поднесени пет кривични пријави и тоа за градоначалникот, државниот правобранител, ктиторот на црквата,  службени лица во Општина Берово и фирмата изведувач.screenshot_1

  • Против градоначалникот на Берово и непознати лица вработени во урбанизам и градежен инсекторат, народниот правобранител надлежен за подрачјето на Кочани, до Основно јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за постоење основано сомневање за злоупотреба на службена положба, постоење сомнение во помагање на сторител во извршено кривично дело, против Благој Мехнаџиски сопственик на Зегин и едно право лице, поради постоење основано сомнение дека извршиле бесправно градење, рече Жарко Стеваноски, адвокат.

Главен проблем, според Стеваноски е што било дозволено црквата да се гради на земјиште кое е предмет на денационализација.

  • Станува збор за атрактивна парцела на Беровско Езеро, која е предмет за денационализација, со веќе донесено конечно решение со кое парцелата се враќа во сосптвеност на мојот клиент. Парцелата се води уште во сопственост на РМ, бидејќи државниот правобранител го оспорил премдетот кој е се уште во Управна постапка, објасни Стеваноски.

Клиентот на Стеваноски по свеченоста за поставување камен-темелникот на  27-ми август, пријавил во градежниот инспекторат, а инспекторатот утврдил дека немало дозвола за градење и наредил стопирање на секаква  активност и враќање на локација во првобитна положба.

  • Останува ЈО да утврди на каков начин Механџиски во договор со МПЦ, а со знаење на Локалната самоуправа и државниот правобранител одлучил на гради на оваа локација. До денес никој не донел никаква одлука според која предметната парцела се отстапува за изградба на црква, вели Стеваноски.

Градоначалникот на Берово денес во телефонски разговор за ТВ Стар истакна дека првпат слуша за тужбата против него и неговите соработници.

Инаку, ова е трета кривична пријава поднесена од Стеваноски за беровскиот градоначалник.