Адвокатот Жарко Стеваноски стегна нова кривична пријава, овој пат за градоначалникот на Берово Драги Наџински , спорни се капелата и мостот на Брегалница

0
1894

Адвокатот Жарко Стеваноски од Прилеп денес до Основното Јавно Обвинителство Берово поднесе кривична пријава против Градоначалникот Драги Наџински од Берово со која Градоначалникот се сомничи дека постапувајќи како службено лице Градоначалник на ЕЛС Општина Берово.

zare.berovo

Во Програмата за 2014 за изградба на улици и во порграмата за уредување на градежно змејиште вакви проекти не се предвидени, градоначалникот во годишната програма предвидел средства од 9 милиони денари спротивно на законот“ , рече Жарко Стеваноски, адвокат.
Пријавата е поднесена до Основното јавно обвинителство во Берово, но освен Наџински, за злоупореба се сомничат и негови соработници:
„Градоначалникот и службени лица од одделението за јавни набавки и од комисијата за јавни набавки сториле кривично дело, злоупотреба на службена положба, а по изнаоѓање на јавниот обвинител и за други кривични дела“ , изјави Жарко Стеваноски, адвокат.
Градоначланикот денеска вака ја искоментира поднесената пријава:
„Тоа е стварно срамно и многу ниско, зашто сето тоа што јас го работам го работам предвидено со закон“ , кажа Драги Наџински, градоначаник на Берово.
Освен на беровскиот градоначалник, изминатиов период кривични пријави беа поднесени и на градоначалникот на Чешиново-Облешево и на поранешен градоначалник на Делчево.