АДВОКАТОТ ЖАРЕ ГИ ЗАПУКА ПРИЛЕПСКИТЕ ФУКАРИ И ПИЦАЈЗЛИ : Ве плаши вашето минато на голтари, по вашето заминување од власт лично ќе ве честам со најдобра РЕВИЗОРСКА КУЌА ДА ВЕ ЧЕШЛА!

0
1281

Се обраќам до главештините на овој град кои преку своите гавази кои немаат грам храброст за истурање на своите фрустрации во лице на оној кој им смета, отвараат лажни профили на Facebook кои им служат за дискредитирање на личности кои јавно истапуваат и нешто конкретно превземаат за разобличување на системов на безвредности кои го градат нашиве локални самозамислени авторитети и функционери.

zharestefanoski

Пукајте, пукајте со се што имате, и од тоа големо ништо што го имате направете си го своето. Само затоа што сте до толку неписмени јас ќе ви ја предвидам иднината во вашата намера. Мислевте дека ако ги имате локалните опозиционери, таквите како мене нема да ве разоткриваат? Чувајте си ги, ќе ви требаат ако евентуално во иднина размислувате да формирате нелегална трета опција во државава која ќе им служи на заинтересираните страни за водење на црни кампањи против неистомисленици, за сценирање на состојби кои водат кон лична дискредитација на јавни личности, ќе се продавате бе, ќе се продавате исто како истрошените рекламни паноа во минич околу МРТВ, по поволни цени. Да се навратам на вашата иднина.

Ќе плукате по личности, по семејства, ќе смислувате приказни и ќе ширите бајки, ќе влегувате во приватноста на фамилии, деца, ќе се враќате на историјата на поединци, и тоа ќе помине. Неписмени! Тоа така не се прави, не овде во градов, не во државава, затоа што народов не е „специјалка„ како што некој мисли. Извадете се што имате бе исплашени девојчиња, документирајте приказна со факти и докази, па потоа пукајте, така до некаде може и да ви успее кампањата за замолчување на ваквите како мене.

За разлика од некој, јас не бркам духови, ги бркам вашите одвратни злоупотреби кои од овој град ги избркаа и ги бркаат сите надежни и перспективни млади луѓе. Јас нема да побегнам од овој град, т.е нема да дозволам вашата бедна политика да ме примора да заминам, а знаете ли зошто? Мене нема со што да ме казнувате, со што да ме замолчите, да ме уценувате, начинот на обезбедување на мојата егзистенција се наоѓа во мојата глава и никој не може тоа да ми го одземе, освен се разбира ако имате храброст да нарачате куршум кој би поминал низ неа.

Јас сакам своето семејство и своите деца да ги гледам како напредуваат тука, затоа што јас тука го гледам рајот во кој сакам да живеам со нив, а тие да напредуваат, да, да напредуваат онолку колку што ќе бидат способни со личниот труд и знаење тоа да го постигнат, наместо сегашните полтрони на кои од мали им го вкоренувате Вашиот синдром на ниска вредност , потчинетост и наклонетост кон Вашата суета и лажно креирана висина во партиските редови. Кога напоменувам дека не бркам духови, еве отворено ќе Ви кажам на што мислам. Мислам на ненасистноста во Вашите апетити. Кога веќе мешате историја, јас да Ве потсетам на Вашата, онаа која мислите дека сте ја закопале од јавноста.

Не е срамота ако некој од вас на времето работел како келнер, ако пушел трева и ако бил на маргините на тогаш неприфатливото друштвено опкружување, не е срамота ако некој од вас немал возило или ако имал сопствено возило кое морал да го пали на туркање, ако немал два пара фармерки за да може да ги менува кога едниот ќе му се извалка, навистина сето ова не е срамота и од тоа ниту едно човечко суштество не треба да се срами. Срамота е ако сето ова погоре наведено сте го заборавиле, срамота е што криете дека на времето сте го мавтале опозициското партиско знаме на митинзи, што сте пишувале колуми против сега вашата партија, срамота е што со презир ги гледате луѓето кои немаат тоа што вие дури сега го имате а го имате благодарение на криминалот кој сте го направиле, што сметате дека сите останати имаат помала вредност како луѓе, срамота е што сега ја злоупотребувате економската состојба на таквите какви што некогаш бевте и вие за да се задржите на врвот на теглата со мед, да газите врз човечки судбини без око да ви трепне.

Ете тоа е срамота, тоа ве прави ништожни, ве плаши вашата историја и помислата дека ќе ви се повтори. Сите оние лажни профили кои ми ги праќате за да сеат невистини и омаловажувања не се луѓе, јас виновникот за тоа го имам лоцирано и гадно сте се излажале ако мислите дека ме интересираат небитни фантоми, битно ми е што знам дека гавазите се ваши, на неколку мината, кои не знаете како да се одбраните од вистината. Вие само можете да ме налутите па да си ги соберам другарите, со иста мера да враќаат по вашите скапоцени јавни профили. Ќе не можете да избришете доволно брзо за да не ве прочитаат вашите и се што ќе пишуваат ќе биде вистина. Отворено ќе ви кажам што ви следува.

Вашата програма на реализирани и актуелни проекти ќе ја пуштам низ сито, за да видам каков крупен камен ќе остане на него, тие камења ќе им ги подарам на Прилепчани, за да знаат, за да не се прелажат во Вашата не/чесност уште еднаш, а потоа ќе ве оставам со сопствените крупни камења, меѓу себе да се тепате. Еве јас ќе ја честам најдобрата ревизорска куќа за да ве чешла кога вие ќе си заминете….

Пишува : адвокат Жарко Стеваноски