Автомобил од 9.000 евра кој се движи на воздух

0
1452

По електричните автомобили се појавија и оние кои возат сами, а сега пристигнува и првиот автомобил кој се напојува од воздух.

airpod01

„AirPod“ кој вози на компресиран воздух, има цена од околу 9.000 евра, а може да се наполни на било која бензиска пумпа со помош на компресор за воздух. Полнењето трае само 5 минути.

Неговиот опсег изнесува 128 километри, а неговата максимална брзина е 80 километри на час.