Штипјанки ги делат низ Центар клеветничките флаери од црната кампања кои ја клеветат опозицијата дека заговара федерализација

0
1390

12278621_10205224544357460_2462259757111152900_n

Низ центарот на Скопје партиски членови ги делат флаерите од црната кампања кои ја клеветат опозицијата дека заговара федерализација. Во реонот околу главниот плоштад денеска можеа да се забележат две девојки со флаери и постери во рацете, јави А1он.

„Девојките велат дека се од Штип и дека флаерите им ги дале од партија. Избегаа пред да ни одговорат дали од партијата ги плаќаат за ваквата активност.

ВМРО-ДПМНЕ деновиве интензивно обвинува трети лица дека заговараат федерализација и предавство на државните интереси. Всушност Владата предводена од оваа партија побарала извештај за примена на Охрискиот рамковен договор кој предлага негова ревизија која би навлегла во територијалниот интегритет на земјата. Извештајот е изработен од невладина организација со која управува експертот Питер Фејт и ја чинел државата 200.000 евра“, пишува порталот.

Во црната кампања, освен опозицијата, се наклеветени и стигматизирани професорот Љубомир Фрчковски и новинарот Бранко Геровски.