Шапуриќ: Целосно рамноправен третман на сите политички субјекти на телевизиите

0
872

„Треба да се има предвид дека приватните телевизии сепак, вршат јавна дејност и имаат обврска во рамките на својата програма да им овозможат на сите политички субјекти да ги изнесат своите ставови, како за време на предизборната кампања, така и во рамките на тековните активности на политичките субјекти вон предизборниот период“, рече потпретседателот на Либерално-демократсата партија, Зоран Шапуриќ.

Во многу земји, додаде тој, не е дозволено да се зголемуваат цените на промотивните активности за време на предизборните кампањи и тие мора да останат исти, како и во останатите периоди.

„Кај нас изминативе години, од избори до избори, цената на телевизиските промотивни активности достигнува астрономски износи и многукратно е повисока отколку во многу поразвиени земји. Од друга страна пак, владеачките политички партии добиваат огроммни попусти за своите предизборни промотивни активности. Со ова се оневозможува рамноправен и фер третман на политичките партии“, рече Шапуриќ.

Што се однесува пак до Македонската радио телевизија, таа како јавен сервис на граѓаните мора да обезбеди целосен рамноправен третман на сите политички субјекти и не смее да фаворизира било кој политички став, заклучи потпретседателот на ЛДП.