Чичаковски за ТВ21: Нема да дозволам импровизации со избирачкиот список

0
1158

Нема да има импровизирање со избирачкиот список е ставот на претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски во интервју за ТВ21. Според него, се уште се чека согласност од четирите политички партии за двете методологии за да може да се почне со прочистување на избирачкиот список.

„Нема да дозволам во овој процес да влеземе со импровизации и да се изврши само колку да се изврши. Овој процес ни е битен сите граѓаните и сите политички партии да имаат доверба во избирачкиот список за да создадеме услови за да имаме фер и слободни избори. “, изјави Александар Чичаковски, претседател на ДИК.

Според Дарко Алексов од граѓанската асоцијација „МОСТ“, доколку изборите се закажат на 24 април нема да има доволно време за да се провери цел избирачки список, а со тоа граѓаните нема да имаат целосна доверба во неговата веродостојност.

Од ДИК се уште чекаат „амин“ од четирите политички партии за да почнат со прочистување на избирачкиот список. Со првата методологија односно вкрстена проверка, ќе се утврди степенот на веродостојноста на избирачкиот список, следната фаза е теренска анализа а на крајот бришење и дополнување на избирачкиот список од претходно добиените податоци.