Цивил: Партиите да го поддржат предлогот на Ванхауте за медиумите

0
1180

Невладината Цивил категорично бара од политичките партии вклучени во преговорите за надминување на политичката криза во земјата да постигнат договор за ослободување на медиумите од партиските стеги и во таа насока го поддржуваат предлогот на меѓународниот посредник Питер Ванхауте за регулирање на медиумите.

„Претставниците на власта и нивните медиумски послушници и сурогат организации да се воздржат од дрскиот и дисквалификаторски вокабулар насочен против граѓанското општество, слободните медиуми, против меѓународниот посредник Ванхауте и меѓународната заедница воопшто. Со своите настапи во јавноста во која се однесуваат грубо и антидемократски, тие само дополнително го уриваат угледот на РМ и предизвикуваат дополнително продлабочување на кризата, наместо нејзино надминување“, стои во соопштението на Цивил.