ЦРНИ предвидувања на ОН: До крајот на векот Македонија ќе има само 1,4 милиони жители!

0
1364

До крајот на овој век Македонија ќе има половина милион жители помалку од моменталната бројка, се вели во последниот извештај за перспективите на светското население на Обединетите нации. Според нивниот извештај Македонија е на 29 место во групата од 43 земји кои се соочуваат со проблемот со депопулацијата.

Според извештајот, Македонија во 1950 година имала 1,2 милиони жители, во 2015 година имала според проценките 2.078 милиони , а исто ќе биде и во 2030 година. Во 2050 година бројот на населението во Македонија ќе биде помало за 141.000 жители или за 6.8 проценти помалку од 2015 година. Според нив во 2050 година ќе има 1,9 милиони жители, а на крајот од векот ќе има само 1,48 милиони.

Земјите од Западен Балкан имаат речиси иста состојба. Бројот на населението ќе биде се помал.

Во БиХ се проценува дека од сегашните 3,81 милиони жители во 2100 ќе биде 1,91 милиони.
Во Хрватска од сегашните 4,24 милиони во 2100 ќе се намали на 2,61 милиони.
Во Албанија од 2,89 милиони во 2100 ќе има 1,75 милиони.
Во Црна Гора од 626 илјади ќе се намали на 437 илјади жители.
Во Србија од 8,58 милиони ќе се намали на 7,33 милиони во 2050, додека пак во 2100 година ќе бидат 5,33 милиони.
Словенија наспроти сегашните 2,06 милиони во 2100 година ќе има 1,69 милиони население.

На евроскиот континент бројот на жители од сегашните 738 милиони ќе падне на 646 милиони во 2100.