Ха, ха, ха, Грујо и Протугер му го начукале, но Горан останал „полуневин“, ќе прави хименопластика – Петревски: Половина од образот ми е извалкан но се надевам дека со вас и со Вест ќе си го исчистам

0
1740

Новиот главен уредник на дневниот весник Вест, Горан Петревски, на новинарите во весникот на денешната прва средба им се исповедал дека од МТВ заминал оти имал огромни притисоци кои му предизвикале и здравствени проблеми, пренесува „Либертас“.

-Половина од образот ми е извалкан но се надевам дека со вас и со Вест ќе си го исчистам – им рекол Петревски.
Сепак изразил жалење што во редакцијата не останал основачот на Вест, Горан Михајловски, за да учел од него.
Менаџментот на МПМ не му го продолжи договорот на претходниот уредник, Горан Михајловски кој истече на последниот ден на минатата година.
Тие биле незадоволни од неговата непослушност, а тој јавно кажа дека врз весникот и новинарите се врши силен притисок да не се пишува ништо критички за владата и обзнани дека дури и од печатница интервенирале и ваделе тектови од насловната страница.
Новиот уредник Горан Петрески е познат одработувач за пропагандата на Груевски и личен пријател со шефот на премиерскиот кабинет Мартин Протогер кој е задожзен за строга контрола на медиумите и електронски и печатени.
Извор: Либертас