Хаос на македонско-грчката граница, судир меѓу мигрантите и бегалците

0
969

Хаос на македонско-грчката граница. На меѓуграничниот простор кај кота 59 избија големи нереди и тепачки меѓу бегалците и мигрантите.

Од вчера никој не може да ја поминува границата. Единственото место каде што бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан можеа да ја поминуваат границата е блокирано.
Повеќе од 3.000 мигранти се блокирани кај импровизираниот камп кај Идомени, во Грција.