Фрчкоски: Вашингтон и Брисел сакаат да се осигураaт дека Груевски ќе си поднесе оставка

0
998

Посетата на Никола Груевски на Вашингтон, како и доаѓањето на европратениците и еврокомесарот Јоханес Хан во Скопје е со единствена цел да се осигура оставката на Груевски, вели професорот Љубомир Фрчкоски за Плусинфо.

– Мислам дека посетата на Вашингтон е за Американците да се уверат дека Груевски ќе си поднесе оставка според Договорот од Пржино и нема тука да има изненадување. Дали ќе му покажат дополнителни материјали не знам, но сигирен сум дека се работи за осигурување на оставката предвидена со Договорот – вели Фрчкоски.

Сите диктатори во регионот, додава тој, полесно даваат такви ветувања пред Американците бидејќи им импонира да се повлечат под притисок на големи сили, а не под притисок на опозицијата, како што беше случајот со Слободан Милошевиќ и со Ричард Холбрук.

Повеќе ОВДЕ