„Фридом хаус“: Заедно со Хондурас и Малдивите, Македонија го загуби статусот на изборни демократии

0
1017

Maкедонија, Босна и Херцеговина и Косово во 2015-та страдале од парализирачка нефункционалност на нивните влади, што ги уназадиле демократските придобивки и приклучувањето кон ЕУ го направило далечна перспектива. Ова стои во најновиот извештај нa Фридом хаус. 

Поконкретно во извештајот на организацијата се наведува дека Македонија бележи надолен тренд поради натамошните разоткривања на големи изборни недостатоци на гласањето во 2014-та, што предизвика и бојкот на опозицијата во Парламентот. Во истиот контекст, според Фридом хаус е поврзаниот скандал со распространето владино прислушување на политички и верски водачи, новинари и обични граѓани.

На скалата од 1 до 7, според градација од најслободни до земји со најмала слобода, Македонија е рангирана во категоријата делумно слободна, има оценка 4, заземајќи го последното место во регионот.

Заедно со, Хондурас и Малдивите, Македонија го загуби статусот на изборни демократии.