Француската амбасадорка на Маршот на толеранцијата

0
1025

Француската амбасадорка Лоренс Оер се приклучи на Маршот на толеранцијата – „Бегалци без граници“. Со солзи во очите поради терористичкиот напад во Париз, таа даде поддршка за почитување на универзалноста на слободите и правата, за бегалците кои се принудени да ги напуштат своите домови од теророт на истите убијци кои ја нападнаа престолнината на Франција. Учесниците на маршот, им оддадоа почит на загинатите во терористичкиот напад во Париз со едноминутно молчење.

Маршот на толеранција, оваа година е посветен на бегалците, со цел да се подигне јавната свест и да се упати апел до властите за обезбедување хуман и достоинствен третман при нивното транзитирање низ Македонија.

Со маршот кој е во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, ЛГБТИ Центарот за поддршка, Фондацијата Отворено општество – Македонија, Цивил – Центар за слобода и Солидарност се упати и апел за потребата од подобрување на инфраструктура на транзитните места и камповите, со цел да се олесни престојот на бегалците.