ФСП до градоначалникот на Валандово: Вмровската рака е долга

0
1188

Форумот на слободоумни патриоти го опоменува раководството на ВМРО-ДПМНЕ за односот на градоначалникот на Општина Валандово Николче Чурлинов, за кого вели дека злоупотребувајки ја својата функција, се става над законите и партијата и со своите постапки оди директно на штета на старите членови на партијата со тоа што ги шиканира и ги спречува во извршувањето на секојдневните работни обврски.

„На нашиот брат Златко Доролојков, после јавното изјаснување дека е член на Форумот, градоначалникот на Општина Валандово Николче Чурлинов злоупотребувајќи ја својата функција, постапувајќи одмазднички и надвор од позитивните законски прописи, му го затвора влезот на неговиот стопански објект и со самото тоа го спречува да ја извршува неговата дејност регистрирана согласно позитивните законски прописи“, се наведува во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Форумот му укажува на раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека таквите ликови како актуелниот градоначалник Чурулинов кои досега „имаа навика да менуваат партиски бои први ќе ја напуштат партијата кога ќе немаат корист од неа, додека членовите како братот Златко пак ќе бидат тука за партијата кога ќе биде најтешко“.

Форумот на слободоумни патриоти го повикува раководството на ВМРО-ДПМНЕ да го повика на одговорност градоначалникот Чурлинов да не се поигрува со чувствата на нивните браќа зашто „вмровската рака е долга“ и бара негово санкционирање и однесување согласно статутот и актите на ВМРО-ДПМНЕ.