ФРОДЕМ: Криминални структури на ДПМНЕ го организираат нападот на Јанева

0
884

Фронтот за демократска Македонија – ФРОДЕМ со неверување и згрозеност ја следи пародијата наречена ,,Притисок и рушење на Специјалното јавно обвинителство” во режија на криминалните структури во врвот на ДПМНЕ. Во обидот да си ја спасат сопствената кожа овие структури прават нечовечка режија, се со цел да ги одолговлечат евентуалните (но се посигурни) обвиненија кои би ги поднело Специјалното јавно обвинителство за сторени кривични дела.

Во овој чин од пародијата по инструкција токму од овие криминални структури сите оние кои биле повикани на распит од страна на обвинителите на СЈО се обидуваат од потенцијални обвинети или сведоци да станат обвинувачи. Овие принудени и од ,,немај каде” обвинувачи се обидуваат со сите правни и неправни средства да си ја спасат својата како и веќе предвидлива иднина на нивните наредбодавци со обвинувањa за наводни кршења на одредбите од Законот за кривична постапка. Жално е што во овие случувања принудно се вмешани високи структури во МВР, Јавното обвинителството и судството кои досега слугуваа на режимот.

ФРОДЕМ ги охрабрува и ги повикува сите лица против кои е поведена предистражна или истражна постапка, доколку сметаат дека им се повредени правата од Законот за кривична постапка од страна на поднесувачите на обвиненијата како и од сите оние оние кои учествувааат во процесните дејствија од кривичната постапка, да постапат согласно ново воспоставената пракса од страна на власта. Бидејки законите во оваа држава важат за сите исто, останатите потенцијални сведоци и обвинети во други постапки кои се водат од страна на Јавното обвинителство и судството, го имааат истото право и тие да гонат односно да поднесат кривични пријави против оние што нив ги прогонуваат.

Истоа така, ако веќе се воспоставува нова и оригинална практика во судството од страна на повиканите сведоци како и од потенцијални обвинети тогаш редно е во понатамошните чинови на оваа пародија постапките и на едните и на другите да бидат споени и да се спроведе единствена постапка. Само на тој начин ќе можеме сите да се убедиме во нивната невиност или вина, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.