(ФОТО) Судир на повеќе автомобили на автопатот Скопје-Велес, сообраќајот во прекин

0
1166

Поради сообраќајна незгода во која се вклучени повеќе возила на автопатот А1 делница Каласлари – Велес, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Оттаму информираат и дека пренасочување на сообраќајот по спореден пат има само за патничките возила.