(ФОТО) Студенти ја поздравија Каракамишева: Професорке, не ве сакаме, одете во странство

0
1247

На Фејсбук се појави фотографија на која се гледа ливче ставено на задното стакло на автомобилот на професорката Тања Каракамишева, а на која пишува „Професорке не ве сакаме, одете во странство“, потпишана со „Вашите студенти“.

Пораката се однесува на колумната на Каракамишева која беше актуелна на почетокот на јануари а во која таа напиша дека младите од Македонија не заминуваaт од финансиски причини туку по љубов.