ФОТО: Познати личности во кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

0
1932

25260golema-540x356

Кампањата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ која има за цел да ги заштити најмалите учесници во сообраќајот и да ја подигне свеста кај возачите за совесно управување со возилата, продолжува со засилено темпо.

– На големо задоволсто на сите, кампањата е одлично прифатена од целата јавност, како и од познатите личности кои се активно вклучени во истата и даваат свој придонес за нејзина реализација. Во продолжението на кампањата, пораките напишани на веќе добро познатите жолти табли упатија и глумците од македонските народни приказни со кои сите израснавме, Шенка Колозова, Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски, потоа глумците Сашко Коцев и Оливер Митковски, познатиот диригент Борјан Цанев, водителката Елена Стојановска, колумнистот Богдан Илиевски, познат на јавноста како Бетмен и вардаровите ракометарки – велат од РСБСП.

Оттаму најавуваат уште многу други проекти поврзани со оваа кампања. Дел од пораките гласеа: „Секое дете заслужува да му се радува на животот“, „Вози внимателно – ти си одговорен“, „Детската љубов нема граници, детскиот живот нема цена“, „Биди совесен возач“ и уште многу други.

licnosti-naslovna IMG_8710 goce (1) Цанев vardar rakometarki