ФОТО: Новиот директор на струшкиот водовод е на потерница на Интерпол

0
1408

interpol

Новиот директор на струшкото претпријатие „Проаква“, Аќиф Ајро, се наоѓа на потерница на Интерпол. Тој се бара за издржување затворска казна во САД за напади од прв, втор и од трет степен и за загрозување на животот на луѓето.

Во потерницата е наведено дека лицето Аќиф Ајро (34) е родено во САД, има македонско и американско државјанство, висок е 1,72 метра, има кафена коса и костенливи очи.

– Јас во Македонија сум чист, немам досие – рекол Ајро за весникот „Вест“. 

За директор на „Проаква“ Ајро е поставен од градоначалникот Зијадин Села.