ФОТО НА ДЕНОТ : Зоран Заев на ручек со Гзим Острени

0
1315

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со лидерот на Унитети, Гзим Острени, во опуштена атмосфера во ресторанот „Пелистер“ во Скопје, информира порталот Плусинфо.

zaev

Унитети деновиве ја потврди потребата за предвремени парламентарни избори, но само со претходно исполнети услови од политичкиот договор во Пржино, под меѓународен мониторинг и никако како начин на спасување на владејачките партии.

„Нашите граѓани нема повеќе да дозволат манипулации од двоецот ВМРО-ДУИ, поддржани и од ДПА, кои во име на решавање на кризата бараат евентуален политички спас, додека всушност самите ја продлабочуваат кризата и ја носат земјата до пропаст“, неодамна соопшти Унитети.

Острени беше прв генерален секретар на ДУИ.