ФОТО: Комбе со сендвичи за контра-демонстрантите пред УКИМ

0
1294

12364475_10208319307675534_2096366596_o-685x320

Контрадемонстрантите што денеска се појавија на УКИМ да засадат дрвја, не само што беа придружени од вработени од „Македонски шуми“, кои со механизација правеа дупки за садниците, туку добија и сендвичи, пренесе А1он.мк

Околу еден час отако се појавија на УКИМ, дојде комбе полно сендвичи што им беа разделени на дел од студентите од Факултетот за физичка култура и од ФИНКИ. Тие денеска садеа дрвја, истовремено кога нивните колеги од Студентскиот пленум застанаа во одбрана на автономијата на Универзитетот, во процедурата за градење на две нови барокни згради што треба да бидат факултети.