(ФОТО) ЕНИГМА: Што зборуваа Зоран Заев и директорот на агенцијата за медиуми Зоран Трајчевски под будното око на Груевски на приемот за Божиќ на поглаварот на МПЦ?!

0
1950

Браво за дедо Стефан. Наместо класичен божиќен ручек со државниот врв, овој пат поглаварот на МПЦ решил да ја покани и опозицијата па организирал коктел на кој присуствувале двајцата лидери на ДПМНЕ и СДСМ. Убаво е што МПЦ угра улога на помирувач меѓу двете страни и добро би било ако во иднина МПЦ се постави така како неутрална страна па да може во иднина и да организира преровори и лидерски средби наместо тоа да го прават странските амбасадори. Секако таа улога би требало да може да ја одигрува и МАНУ.

Еве како оди официјалното соопштение од коктелот:

На 8-ми јануари 2016 година, по повод Божикните празници Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во придружба на архиереите на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Кумановско- осоговски г. Јосиф, Митрополитот Тетовско- гостиварски г. Јосиф, во салата при Архиепископскиот соборен храм Свети Климент Охридски во Скопје, приреди традиционален празничен прием за претставниците на општествено-политичкиот живот.

На приемот присуствуваа претседателот на Владата Република Македонија г-дин Никола Груевски со сопругата, Министерот за одбрана г. Зоран Јолевски и Министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски, лидерот на СДСМ, г. Зоран Заев, претставници на дипломатскиот кор, како и голем број на значајни јавни личности од културата и бизнис елитата.

Интересно е дека може да се забележи како Заев муабети со Зоран Трајчевски, човекот на кој деновите му се одбројани на директорската позиција во Агенцијата за Медиуми како дел од преговорите за медиумите кои се клучни и најпроблематични затоа што Грујо не сака да ја предаде својата пропагандна машина со која го пере мозокот на нацијата.