(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Македонците стигнаа во Краков

0
1419

Македонските ракометари по 90- минутен лет од скопскиот аеродром попладнево пристигнаа во Краков, каде што ќе имаат повеќе од 48 часа за адаптација и аклиматизација во пресрет на премиерниот меч од ЕП против селекцијата на Франција. Атмосферата меѓу ракометарите е на највисоко ниво, со нетрпение се чека стартот на шампионатот и со него големите предизвици против европскиот првак Франција и домаќинот Полска.

Од поодамна се потенцира дека третиот дуел со Србија би требало да биде решавачки за пласманот во следната рунда, но нашите репрезентативци јасно ставаат до знаење дека против Франција и Полска нема да излезат на терен со бело знаме, туку напротив ќе сторат се за да приредат изненадување.

Македонците стигнаа во ладниот Краков, каде атмосферата ќе се вжештува како што ќе се ближи почетокот на ЕП 2016.

krakov2 krakov11 krakov7-mitkov krakov8 krakov3-kire-lazarov krakov4 krakov6

Извор : Екипа.МК