ФОТО ГАЛЕРИЈА Експертско предавање на ФОН: Образование по мерка

0
1266

Универзитетот ФОН во соработка со Ремедика, здружението за деца со посебни потреби – “Дајте ни крилја”, Уни Банка и ВИВА организираше експертско предавање и трибина на тема: “Образование по мерка”.

На трибината говореше Примариус Доктор Мери Бошковска – детски психијатар (Ре Меедика). Во нејзиното излагање Доктор Бошковска потенцираше дека децата избираат без омаза и предрасуди, меѓутоа нивните права кои се гарантирани согласно уставот и законот како и актите кои предвидуваат инклузија не се почитуваат и не се остваруваат во целост.

12375986_10154548183837699_6174330995608725390_n

Дополнително дефектологот Драган Даскаловски додаде дека работењето со деца со посебни потреби треба и мора да престане да биде табу тема во држава како Македонија. – “Дете е секое човечко суштество кое не наполнило 18 годишна возраст и тоа е носител на права и рамноправен субјект со возрасните, но возрасните се оние кои се обврзани во секој момент да им пружат поддршка на децата за да можат во целост да ги практикуваат своите права.” додаде Даскаловски.

12346501_10154548183757699_4769582682415636839_n

Г-ѓа Ребека Јанковска-Ристевски од “Здружението Дајте ни крилја” зборуваше за нејзината лична битка со институциите како и предизвиците на секој родител кој се соочува со оваа социјална стигма. Според Јанковска-Ристевски детето кое е заостанато физички, ментално или социјално треба да ужива посебна постапка, воспитување и грижа која ја бараат неговите посебни услови, затоа што детето со развојни потешкотии е дете со посебни потреби, а детето со посебни потреби е дете.

Проф. д-р Александра Србиновска – Дончевски во името на ФОН Универзитет ги поздрави присутните и истакна дека  основна позитивна промена која сакаме да ја оствариме како ФОН Универзитет во соработка со Ремедика и  здружението Дајте ни крилја  е активирање на децата и родителите, мобилизирање на стручните соработници во школите кон развивање свест, разбивање на предрасудите и стереотипите, подобра информираност на средината за проблемите на дискриминација како и изработка на взаемно почитување и толеранција.

12366309_10154548183862699_5797108505233533319_n

Универзитетот ФОН како општествено одговорна институција, која во својот работен век има делегирано голем дел од своите ресурси кон помагање на сите категории на граѓани, има за цел, обврска и привилегија да ги стипендира оние кои општеството ги третира како помалку моќни или екслудирани. Затоа би сакала во име на Универзитетот да порачам дека сите родители чии деца припаѓаат во овие загрозени категории во време кога пропагираме инклузивност само на хартија, дека ние сме потготвени таа инклузивност да ја спорведеме во пракса и да ги стипендираме.

12342359_10154548185967699_4134208856513502666_n

Благодарение на општествената одговорност и агендата на Уни Банка и ВИВА на присутните деца и нивните родители им беа поделени новогодишни пакетчиња.

12359948_10154548186817699_646024183363841826_n 12373226_10154548186782699_2388418625395135292_n 12345671_10154548188167699_7414693710988260716_n 12391052_10154548183257699_7752740788890498701_n