(ФОТО) Во Чаир откриена фабрика за производство на фалсификувани патики

0
1155

Царинската управа вчера откри фабрика за производство на фалсификувани патики од познати брендови, која функционирала во подрумски простории во општина Чаир.

При претрес во работилницата се затекнати и приведени лица кои изработувале спортски обувки, 154 пара готови обувки за испорака со лого на познати трговски марки, повеќе машини со кои е вршено производството, како и обувки во фаза на изработка, голема количина репроматеријал, етикети, апликации, горништа и ѓонови од кои би се произвела поголема количина обувки, информира денеска на прес-конференција директорката на Царинската управа, Наташа Радевска Крстевска.

Нелегалната работилница е откриена по добиена разузнавачка информација и неколку месечна интензивна истрага. Производите и машините се привремено одземени, а по комплетирање на сите докази Царинската управа против осомничените ќе поднесе кривична пријава за кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.

86BC5BE39510EB41A81184DFE563FC65

Работилницата, како што информира Радевска Крстевска, функционирала на принцип на повремено производство, односно по неколку дена во неделата, вообичаено пред пазарни денови со цел да не биде воочливо работењето. Просторијата била користена со договор за закуп, но била злоупотребена за недозволено производство. Репроматеријалите биле набавувани од домашниот пазар.

Директорката на Царинската управа истакна дека истрагата е се` уште во тек и оти по нејзино завршување ќе бидат соопштени информации за бројот на лицата инволвирани во случајот, начинот и местото на испорака.