(ФОТО)Извештајот на ЕУ и САД: Нема услови за избори на 24 април, резултатите од работата на ДИК не се доволни, не е постигнат договор за медиумските реформи и загрижени сме за притисоци и закани врз гласачите

0
853

Нотираме дека резултатите од работата на ДИК во однос на проверката на избирачкиот список во оваа фаза не се доволни за да се одржат кредибилни избори на 24 април, иако одреден напредок е направен. Истотака се уште не е постигнат договор за медиумските реформи за да се осигура поле за еднаков пристап. Исто така сме загрижени од извештаите за притисоци и закани врз гласачите и други лица. Сето ова е многу загрижувачко. Ова се заклучоците  кои произлегуваат од извештајот на амбасадорот на ЕУ Аиво Орав и на САД Џес Бејли. Тие им биле презентирани на лидерите што присуствуваа на лидерската средба, а и предадени на премиерот Димитриев.

„Силно ги охрабруваме сите политички лидери, и власта и опозицијата, и институциите да останат целосно посветени на имплементацијата на договорот од јуни/јули како и на чекорите превземени досега.

Ако изборите не можат да се одржат на предвидената дата, се очекува политичките лидери да работат да се обзбедат услови кои ќе овозможат кредибилни избори на најрано можниот датум со целосно почитување на обврските и подготовките за тоа на ДИК, стои во извештајот.

„Партиските лидери го предложија 5 јуни како можна алтернатива. Сериозни напори од сите функционери сега се бараат и се потребни за да се постигнат условите кои ќе овозможат кредибилни избори, каде сите граѓани и партии слободно ќе учествуваат, пишува во заклучоците од извештајот.

Орав и Бејли потенцираат дека и понатаму како што велат одблиску ќе го набљудуваат прогресот и исполнувањето на обврските. На политичките лидери им порачуваа дека имаат обврска да ги превземат сите неопходни чекори што ќе ја вратат земјава на евроинтегративниот пат, со тоа што целосно ќе го исполнат договорот од Пржино и ќе ги спроведат итните реформски приоритети во интерес на сите граѓани.

писмо-1 писмо-2