ФОКУС: Наташа Савова, поранешната шефица на кабинетот на Бранко Црвенковски, маркетинг-советник во банката на режимскиот олигарх Орце Камчев

0
5691

natasa-savova

Наташа Савова, поранешната шефица на кабинетот на Бранко Црвенковски, од пред кусо време е вработена во Стопанска банка – Битола, објави неделникот Фокус.

Ништо не би било чудно, кога не би се знаело дека еден од главните акционери на банката е Орце Камчев, бизнисмен кој огромен дел од своето богатство го стекна во последниве десет години откако на власт е ВМРО-ДПМНЕ, пишува неделникот.