ФОКУС: Ќе бара ли Груевски мандат за премиер од притвор?

0
1482

Во најновиот број на неделникот Фокус ќе читате:

ВЛАСТ СО СИНДРОМ НА „МИЦА КУРВАТА“
Сѐ повеќе верувам дека груевци страдаат од синдромот на „Мица курвата“. Онаа, де, што шетајќи низ сокаци, како за превенција, секому му скресува у сурат „што ме гледаш, мори, курво“! Само со ваква дијагноза – синдром „Мица курвата“ можам да го разберам и фејсбук-коментарот на ексминистерката на МВРО-ВМРО Г.Ј. – „Фокус, покус, преварантус“! Таа некому за превари му префрла!?

СТРАВ ОД АМНЕСТИЈА
Дали новиот предлог за амнестија на пратеникот Павле Трајанов, кој е во собраниска процедура, ќе добие поддршка од СДСМ, но и од ДУИ и ДПА? Меѓу амнестираните би бил и Љубе Бошкоски, а од оваа можност особено стравува владеачката ВМРО-ДПМНЕ која не би сакала тој да излезе пред избори

МАНДАТ ОД ПРИТВОР?
Извори за „Фокус“ коментираат дека специјалните обвинители до изборите ќе настојуваат да падне митот за власта која е непобедлива, односно да се докаже дека изборните победи биле наместени. До април е неопходно да има истраги кои пак ќе отворат можност многумина актуелни владини функционери да завршат во притвор

ГРУЕВСКИ Е ГОТОВ, АМА НЕ СЕ ДАВА ЛЕСНО
Блазе си ѝ на Македонија кога си има и премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, но и Пастир и Месија. Но, тоа не е сѐ! Груевски е и како Дедо Мраз, со особини на Итар Пејо, кој ќе ни извини за споредбата. Им ги решава „маките на луѓето”, а десетта година е на власт.

НАГРАДИ ЗА ВЕРНОСТ
Во Македонија секоја година се доделуваат шест државни награди – „11 Октомври“, „Св. Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „23 Октомври“ „Мито Хаџи Василев Јасмин“ и „Мајка Тереза“. Но последните неколку години партискиот клуч има значајна улога во донесувањето на одлуката – кој ќе биде добитник на државна награда

ОДБРОЈУВАЊЕ ЗА ПАСТИРОТ
Тајмерите се наменети пред се за забава, а сметањето на времето до заминувањето на Груевски не е предмет на математичка операција, ниту изборна политичка прогноза. Важно е да се одгатне прашањето дали Груевски е веќе историја, а се друго е временски определена егзекуција на неговото конечно политичко упокојување

ГРУЕВСКИ И АХМЕТИ МОРА ДА СЕ СООЧАТ СО НОВА ГРАЃАНСКА ЕКСПЛОЗИЈА
Поранешниот амбасадор Арсим Зеколи важи за остар критичар на Груевски и на Ахмети, но воопшто не го штеди ниту опозицискиот лидер Заев. Во интервју за „Фокус“, со „здрава доза на скептичност“ се сомнева дека сите настанати промени изминатава година можат да се преточат во промена на системот на владеење

„ЈУСТИЦИЈА“ ПРОГЛЕДА
Судијката Лидија Зимбовска, во скандалозен преседан, со помош на претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, судењето на прекршочните судии од скопскиот Основен суд го пренесе во Битола! Адвокатите на обвинетите велат дека со оваа одлука, судиите на Врховниот суд сториле кривично дело

ГЛАСАЊЕ СО ТРИАГОЛНИЧИЊА
Мора да се интервенира во законот и да се забрани заокружување со триаголничиња, квадратчиња, крукчиња и баклави, рипки, цртки, стрелки и не знам што сѐ не. Мора да се намалат до крајна граница сите можности за кој било, освен самиот гласач, да знае како гласал

 

Колумнисти

Рамадан РАМАДАНИ
Дека утврдувањето на поделбите остана и овојпат, најмногу се гледа во спомнувањето на праведноста многупати, повеќе и порано, од слободата. Иако секоја порака за каков било спас би требало да ги содржи и двата овие концепта, барем прилично еднакво и истовремено