Ушковски се пожали: СЈО изврши психолошко влијание врз судството

0
928

Специјалното јавно обвинителство обелодени дека отвора истрага за петмина судии од Управниот суд.
Ова предизвикало паника и револт во судот бидејќи не беа соопштени други детали освен дека судиите се од овој суд. Пред судија на претходна постапка или пред обвинител овие осомничени судии имаат право да молчат и да се повикаат на имунитет.

За да може да се постапува против нив Судскиот совет е тој кој треба да им го симне имунитетот и да дозволи водење постапка.

До сега до Советот не е стигнато вакво барање, а од таму регираат дека пресот на Катица Јанева како странка во постапката е психолошко влијание врз судството.

Еве што за Телма појасни претседателот на Судскиот Совет Бранко Ушковски:

“Специјалното јавно обвинителство на вчерашната одржана прес-конферениција се послужи со спектакуларистички и политизирани изјави се со цел да извршат психолошко влијание врз судството. Тие се само странки во постапката и како такви немаат законска основа да ги изнесуваат на тој начин работите. Па со тоа постапија спрoтивно на Уставот и законите , а со нивните изјави давајќи опис на претпоставеното дело како и посочувајќи ги функциите на лицата, ја сторија и најголемата повреда на презумцијата на невиност.

Во оваа смисла ве известувам дека не сме известени од ниту една странка во постапката ниту е побарано симнување имунитет.

Би додал дека ниту за 15-те лица против кои јавното обвинителството води постапка не не известило ниту Специјалното обвинителство побарало симнување на имунитет за некои лица” – вели претседателот на судскиот совет Ушковски.