Турската амбасада со ЖЕСТОКА реакција на последната емисија на Васко Ефтов, “Во центар”: Изнесени се обвинувања и изрази кои ги надминуваат границите на фантазијата, кои се неосновани и сосема со задни намери, се со цел да се оцрни Турција

0
1223

Амбасадата на Република Турција во Скопје, упати писмена реакција до телевизија “Канал 5” поради употребениот јазик во емисијата “Во Центар” која се емитуваше на 25 јануари, во понеделник.

Во писмото, потпишано од страна на Амбасадорот на Република Турција во Македонија, Омур Шолендил, а упатено до главниот уредник на телевизијата, Лидија Богатинова, се наведува дека Република Турција во врска со Балканските простори “има само еден дневен ред, а тоа е воспоставување на долгорочна безбедност и стабилност.”

“Во програмата под наслов “Во центар” емитувана на Вашиот канал на 25 јануари, со жалење дознав дека се наведени некои обвинувања и изрази кои ги надминуваат границите на фантазијата, кои се неосновани и сосема со задни намери, се со цел да се оцрни Турција. Ова писмо ви го пишувам со увереност дека, како израз на независното новинарство ќе го земете во предвид. Почитуван главен уредник, Турција, во врска со Балканските простори, чиј што дел е и самата, има само еден дневен ред, а тоа е воспоставување на долгорочна безбедност и стабилност кои што се толку потребни за развојот и регионалната слога. Било каква нестабилност која што може да се доживее на Балканот, може да се види и од самото искуство, какви резултати ќе даде во регионот во кој што спаѓа и Турција”, пишува во писмото упатено до уредничката на “Калал 5” , Лидија Богатинова.

“Ниедна земја во регионот не е заштитена од една ваква опасност. Во тие рамки развиената надворешна политика, нема потреба од постоење на никаков друг таен дневен ред. И една површна анализа на надворешната политика на Турција во однос на регионот може комотно да го прикаже овој приод. Да се навлезе во деталите ќе ги надмине целите на ова писмо, меѓутоа, ако сакаме да резимираме, Турција, кон сите различни социјални заедници кои што живеат во регионот користи еден израз и приод кој што ги опфаќа сите и смета дека, било создавајќи механизми на заеднички иницијативи за регионална соработка, или пак, подддржувајќи ги постојните механизми, ги согледува како прашања од предимство за поддржување на стабилноста и разбирањето”, се наведува во писмената реакција.

Помеѓу останатото во писмото се потенцира и дека наводите за создавање на Исламска држава во регионот, а посебно во Република Македонија, не се изрази кои треба да се земат како сериозни, како и дека Република Турција е првата држава која ја призна Република Македонија под уставното име и дека е нејзин голем поддржувач во евроинтегративниот процес и зачленувањето НАТО алијансата.

“Наводите за создавање на една Исламска држава во регионот а посебно во Македонија, изискуваат една посебна креативност и навистина не се изрази кои би требало да се земат за сериозни. Турција е првата земја која што ја призна Македонија под уставното име. Помеѓу двете земји, постојат многу силни односи на многу различни полиња. Овие односи со цврстата волја на раководителите на двете земји, продолжуваат да се развиваат. Дотолку повеќе што силната поддршка што Турција ја дава на напорите на Македонија за полноправно членство во ЕУ и НАТО при секоја платформа, само по себе покажуваат колку се неразбирливи и неосновани објавените наводи. Многу тешко е да се разбере фактот, како може да се поврзат овие неосновани наводи и поддршката на Турција на Македонија кон нејзиното членство во ЕУ и НАТО. Турција силно го поддршжува интегрирањето со ЕУ и НАТО, не само Македонија, туку и целиот Балкан и смета дека ова е една темелна определба за регионалната безбедност и соработка”, се потенцира во писмото.

Односите помеѓу Република Турција и Република Македонија се базирани на взаемно пријателство, меѓусебна соработка во различни области и тие независно од ваквите емсии и понатаму ќе се развиваат, се заклучува во писмената реакција на Амбасадата на Република Турција во Скопје по повод емитуваната емисија “Во центар”, на телевизија “Канал 5” .

“Турција, своите односи со Македонија, базирани на взаемно пријателство, независно од ваквите емисии и понатаму ќе ги развива. Меѓутоа, би сакале да знаете дека Вие со ваквите наводи, како што се оние пренесени во емисијата “Во центар” а кои што од страна на еден гледач може многу лесно да се оценат дека немаат ништо заедничко со реалноста и се далеку од сериозноста, вие им нанесувате штета на доверливоста и вредноста што ја имаат гледачите кон “Канал 5” .

Извор: АА