Труд и социјала до вработените: Пријавете притисоци од претпоставените!

0
825

Со службената мејл адреса и со веб страницата на Министерството за труд и социјална политика управуваат овластени лица за комуникации со јавноста, медиумите и со граѓаните, соопшти Министерството откако заменик министерот Диме Спасов испратил писмо до вработените во кое ги повикал да не ги слушаат упатствата од новата министерка Фросина Ременски.

„Координацијата на секторите во делот на нивната обврска да одговараат на конкретни прашања на граѓани упатени по електронски пат до Министерството го прават одговорни лица од Кабинетот на министерот со цел навремено и компетентно известување. Професионалното и законито постапување на вработените во Министерството за труд и социјална политика е топ приоритет на министерот и принцип на работа на вработените во Министерството. Секој вработен е должен да пријави незаконско постапување во вршењето на работните задачи. Ги охрабруваме и граѓаните и вработените да пријават секаков вид на притисоци, незаконско постапување или барања од претпоставен за незаконско постапување. По секоја пријава доставена до Министерството за труд и социјална политика по електронски пат или на друг начин ќе се постапи согласно со Законот и кодексот на јавната администрација. Тоа не е волја, туку обврска“, се наведува во соопштението на Министерството за труд и социјала.