Тик, так… НОЌЕСКА ЌЕ ИМА ОГНОМЕТ: Се чека одлуката за притвор на Јанкулоска, Јанакиески, Божиновски, Темелко!

0
1158

Во Кривичниот суд во Скопје заврши распитот на градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, за кого обвинителството бара притвор поради опасност за бегство, а при крај се и распрашувањата на екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска како и генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски, јави Сведок.

Тројцата заедно се осомничени за формирање на злосторничко здружение за добивање избори на криминален начин и останување на власт на ВМРО ДПМНЕ.

Јанкулоска и Јанакиески даваат исказ пред судијакта Славица Андреевска која ја води истрагата.

Според неофицијалните информации сите осумина за кои Специјалното јавно обвинителство побара притвор во моментов се во Кривичниот совет.

Во групата има началници на полициски станици, судии на Управен суд, членови на ДИК.

Судот до утре изутрина се очекува да ја донесе одлуката за притвор, а за судиите доколку се повикаат на имунитет треба да заседава Судскиот совет и да одобри симнување на имунитетот.