Тепачката во која учестуваше Стоилов можеше да го чини затвор

0
1681

Тепачката од пред десетина дена можеше ракометарот Стојанчо Стоилов да го чини една година затвор. Ако полицијата после инцидентот му поднесеше кривична наместо прекршочна пријава ќе се активираше условната осуда за ракометарот, пишуваФокус.

Имено, во 2013-тата година Стоилов е осуден на затворска казна- ако во наредните три години го повтори делото ќе мора да одлежи една година затвор. Со оглед дека периодот од три години истекува во март, се уште е важечка условната осуда. Затоа цела среќа за Стоилов е што помина со прекршочна пријава, оти во спротивно ќе мораше да оди зад решетки.

Дали таквата пријава следува со оглед на неговата условна осуда или навистина учесниците во тепачката заслужиле само да бидат прекршочно гонети? Според пресудата од пред три години Стоилов заедно со негов пријател се одговорни за кривичното дело „насилство“ затоа што во дискотеката Хавана во 2011-та претепале други двајца.

Повеќе од текстот на Фокус на следниот линк ОВДЕ.