Тачи ја прекрши бесата која му ја даде на Мијалков за „верност до смрт“: ДПА нема да учестува на избори на 24 април

0
993

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи по средбата со европратениците во Скопје кажа дека ДПА нема да улествува на изборите доколку се одржат на 24 април.

-Избори на 24 април може да има, но без нас. Се потврди уште еднаш нашиот скептицизам за трите партии во власта дека не се сериозни, рече Тачи.

Тој кажа дека ДПА е потписник на иницијативата за одложуување на одлуката за распуштање на собранието. Евротројката претходно се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој посочи дека не може да се распушти парлемантот вечера без да има согласност од сите политички партии.