Тачи стабилен во својата нестабилност: Блиску сме до тоа да излеземе од дијалогот

0
979

Мендух Тачи е гневен поради текот на преговорите на четирите партии и вели дека е можно повлекување на неговата партија, ДПА, од дијалогот.

Како што вели Тачи, ако бил прифатен нивниот предлог, даден на почетокот, да се организира попис на населението за да се добие веродостоен избирачки список, според него, до оваа ситуација немало да дојде.

– Сега сме блиску до тоа да излеземе од дијалогот и да кажеме јавно дека ништо не се разговарало за Албанците. Човечки е да ве натераат да потпишете, но човечки е и да признаете дека сте згрешиле. Ако тоа го направиме, нашите одлуки ќе бидат самостојни. Едната партија вели дека ги почитува роковите, а прави сè да се одложи нивното утврдување, а другата настојува да ги поместува датумите – изјави Тачи.

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ имаат договори и соработка и ги узурпираа сите извршни институции од Владата, па сè до Државната изборна комисија, смета Тачи.

Извор: Мета