Тастерите на Грујо ја разбија неговата „бетон одлука“ за избори на 24 април – Сами ја поништија одлуката за распуштање на Собранието

0
1032

На 10 минути пред полноќ, без ниту еден пријавен за збор, пратениците од владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со 83 гласови за и 3 против, без гласовите на СДСМ, изгласаа одложување на распуштањето на Собранието, со што се поместува датумот за изборите.

Поднесена е измена и на Изборниот законик каде ќе се вметне датумот 5 јуни, но пред да дојде на пленарна седница, за него ќе мора да се изјаснат надлежните собраниски комисии. Собранието повторно ќе заседава во 30 минути по полноќ.

Сепак, со гласањето на 10 минути пред полноќ веќе е одложено распуштањето на Собранието, па тоа продолжува нормално да функционира.