Студентски пленум го oрганизира „Ад хок фестивал“ – Случајна реакција на конкретна ситуацијаа

0
1071

На 10, 11 и 12 декември, на Платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе се одржи фестивалот со име „АД ХОК ФЕСТИВАЛ“, под мотото „Случајна реакција на конкретна ситуација“.

Станува збор за фестивал во организација на Студентскиот пленум со цел демонстрирање на желбата за натамошна борба и ентузијазмот за работа на студентите. Преку овој мултимедијален настан, на еден поинаков начин ќе се рефлектираат ставовите на студентите во поглед на низа прашања кои ги засегаат.

Во текот на настанот, настап ќе имаат изведувачите: Новиот Почеток, The John, PMG Collective, Bandix, Rover’s Hangover, Визија, Funk Shui, Bona Dea, Зад Аголот, Ексцес, DJ Irie Scratch, DJ Ilina Angel, DJ Goce Saf, DJ UX…

Освен тоа, за време на концертите на Платото, на факултетите кои се наоѓаат во соодветниот кампус ќе бидат изложени фотографии, скици и цртежи, а ќе бидат организирани и работилници на разни теми.

Настанот ќе започне точно на пладне на 10.11.2015 (четврток).

Повеќе информации за самиот фестивал можете да најдете овде.