Стефан Богоев: Не дозволувајте да ве лаже Груевски и да правите контра Универзитет

0
1223

“Не е одговорено на 10-те барања за јавна расправа за општите состојби во образование.
Власта сака еднострано да носи закони, без консултација на студентите, професоритте, наставниците, родителите.

Токму затоа сме во ваков ќорсаков, каква што е ситуацијата со Универзитетот Дамјан Груев.
По секоја цена сакате насилно да го поминете Законот, само затоа што на Груевски и врхушката така им текнало.

Само да ве потсетам, во бомбите слушнавме како Груевски му вели на Јанакиески дека за мислење Миле не се одговара. Пред неколку дена видовме дека се одговара и тоа како ќе се одговара.

Како што Груевски ги лажеше Јанакиески и Јанкуловска, не дозволувајте вас да ве лаже Груевски или Најденовска или било кој од Вашата Пратеничка група.

Гледаме овие денови како се промовирате за големи патриоти, дека вие сте најголемите Македонци. Баш би сакал да ми одговорите, ако сте толкави патриоти одговорете, кажете го Вашиот став за споменикот во Топанско Поле“, рече Стефан Богоев, пратеник на СДСМ и претседател на СДММ на собраниската Комисија за образование, спорт и наука.