Средба на претседателот на ЛДП, Горан Милевски со премиерот на Луксембург, Хавиер Бетел

0
1040

За време на вториот ден на конгресот на АЛДЕ – европските либерал-демократи, делегацијата на Либерално-демократската партија, предводена од претседателот, Горан Милевски, оствари бројни билатерални средби.

Screenshot_411-685x320

Меѓу останатите, Милевски оствари средба и со премиерот на Луксембург, земја која во моментов претседава со ЕУ, г-динот Хавиер Бетел. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во Македонија, при што беше констатирано дека за надминување на политичката криза е неоходно целосно спроведување на договорот од Пржино, потишан со посредство на ЕУ, од страна на четирите политички партии.

Покрај ова Милевски оствари средби и со Елен Тране Норби, Министерка за прашања на деца, образование и родова еднаквост на Данска, Роџер Албинјана, министер за надворешни работи на Каталонија, како и со повеќе пратенци во Европскиот парламент од редовите на либерал-демократските партии од Европа.